Connect with us

Пиоли: Губевме со 0-2 по 12 минути на првиот меч и тоа тешко се надоместува

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека е многу разочаран по елиминацијата од Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите.


„Да не се лажеме, многу сме разочарани. Имавме одлична серија во Лигата на шампионите, победувајќи тимови како Тотенхем и Наполи и се надевавме дека ќе стигнеме до финалето. Лут сум бидејќи првите 15 минути од минатонеделниот натпревар се покажаа фатални. Ако играте полуфинале и во 12. минута губите со 0-2, тогаш тоа тешко се надоместува. Не би сакал за ништо да ги обвинам играчите затоа што навистина дадоа сѐ од себе. Секогаш боли кога ќе загубиме од Интер, а посебно сега кога се боревме за финале во ЛШ. Но, треба брзо да се опоравиме и да размислуваме за завршницата на сезоната во Серија А“, изјави Пиоли.

Милан во моментот не е ниту во Топ 4 на табелата во Серија А, позиции кои носат нов пласман во ЛШ за следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови