Connect with us

Пиоли: Битката за титулата ќе се води до последното коло

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, не е разочаран од ремито без голови против Торино и верува дека неговиот тим се уште е во добра позиција во трката за титулата во Серија А. Сепак, сега актуелниот шампион Интер повторно ја има судбината во свои раце.


„Ништо не е готово. Не успеавме да победиме против Торино, но има уште многу до крајот. Не смееме да бидеме нервозни, треба да бидеме трпеливи до самиот крај. Мислам дека битката за трофејот ќе се води до последното коло“, изјави Пиоли.

Милан во наредното коло ќе ја пречека Џенова.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови