Стадионот “Сантијаго Бернабеу” бил сведок на многу нешта во своето постоење, но вчера се случи нешто што веројатно ќе се памети долго време. На стадионот на Реал Мадрид се појавија повеќе пингвини кои шетаа за време на градежните работи.
Не е сигурно како пингвините, кои не потекнуваат од Шпанија, се нашле таму, и дали воопшто видеото е веродостојно или се работи за одлична монтажа. Сепак, што и да е, дефинитивно ќе ви го разубави денот.
Некои од поинтересните теории на навивачите на “кралскиот клуб” се дека тимот подготвува идеална клима каде би тренирал Норвежанецот Ерлинг Хааланд, или дека Флорентино Перез донел пингивини да работат наместо работници со цел да чува пари за Килијан Мбапе.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski