Connect with us

Пикси збесна на аеродром: Сакавте неуспех, еве го…Ајде сега, плукајте, навредувајте!

Фудбалската репрезентација на Србија се врати во Белград по испаѓањето во групната фаза на Европското првенство.

Селекторот Драган Стојковиќ не сакаше да одговори на прашањето за евентуална оставка и буквално збесна на аеродромот „Никола Тесла“.

„Ајде, следно прашање”, кратко одговори Стојковиќ.

Доби прашање и за чувството на вина и одговорност поради неуспехот на ЕП во Германија.

„Вие го чекавте неуспехот, еве го, удирајте, плукајте, навредувајте. Го чекавте тоа, да не се лажеме. Негативните работи привлекуваат внимание. По ваше мислење сме лоши, по моето – не сме. Не можете да кажете дека играчите не се бореа и не се жртвуваа, што е најважно во спортот. Се бореа момците, им симнувам капа. Немојте да ги критикувате репрезентативците, бидејќи го дадоа својот максимум. Што се однесува до критиките, слободно изнесувајте ги, јас сум тука да ги прифатам”, рече Стојковиќ.

„Јас сум најодговорен, јас донесувам одлуки. Сè што правев, го правев најдобро за тимот. Од тренинзи, подготовки за натпревари, анализи на противниците, сè што е во рамките на мојата обврска. Немојте да сте толку… Малку смирете се со прашањата, не сум во реалити шоу. Не ни требаат сензации. Горд сум на момците и како ја претставија Србија. Не заборавајте, 90% од луѓето во Србија мислеа дека ќе примиме пет или шест голови од Англија“, истакна Пикси, кој постојано гестикулираше, па дури и им позираше на новинарите.

Се најавуваат неколку кандидати за негов наследник на клупата на Србија, најголеми шанси има Славиша Јокановиќ, но дел од медиумите споменуваат и стратег од странство, со оглед на егото на дел од ѕвездите во српскиот национален тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови