
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, по натпреварот со Бразил (2-0) истакна дека не е задоволен од играта на неговата селекција.
„Клучот е што го загубивме смисолот во второто полувреме, бевме, да не речам катастрофални. Изненадувачки, паднавме. Бразил е премногу добар тим за да не го искористи тоа. Онаму каде што сме најсилни, играта со додавања, тоа не беше на ниво. Првото полувреме беше коректно“, изјави Стојковиќ.
Посебно го боли тоа што Костиќ е повреден, како и тоа што Влаховиќ и Митровиќ не се подготвени.
„Има некои работи со кои се соочуваме, а тоа се повреди на клучните играчи… Ги имаме Влаховиќ, Митровиќ, Костиќ, сите во навистина лошо време. Дојдовме овде во таква состојба и тоа е првата вистина. Без разлика на се, Бразил доминираше, заслужена победа“, изјави Пикси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
