
Идејата за Суперлигата во Европа на најбогатите европски клубови траеше со години, но пред два дена дел од најголемите клубови конкретно се одвоија. Хаосот што може да се случи не прави никого среќен, а Драган Стојковиќ Пикси, селекторот на Србија и еден од најпрославните фудбалери на овие простори, зборува за влијанието што ќе го имаат американските пари кон играта што ја обожуваат милијарди луѓе.
Прославениот фудбалер зборуваше за американските пари, нивното разбирање за фудбалот, но и влијанието што тие сакаат да го имаат врз европските тимови.
„Лично, не мислам дека поларизацијата е добра и дека … Не треба да користам грд збор, но ова е еден вид злочин воопшто да се дојде до таа идеја. Колку што слушам, таму летаат американски пари. Сега, ако ги прашате Американците за фудбалот, тие ќе ви кажат за фудбалот што го играат, ќе речат дека тоа е „сокер“. Ако тоа е иднината на европскиот фудбал, тогаш немам зборови … Не ја поддржувам оваа идеја, колку и на некои им изгледа добра, но не е баш добра … Клубовите кои се одлучија за нешто вакво, тие одлучија да се дистанцираат од сите други. Па, господа, дали сте вие тие што го измислиле тој фудбал?! Фудбалот е малку поширок поим од вас 12 клуба или колку што ги имате. Друго, од каде ги црпите тие играчи, ги носите од некои фавели, рурални средини и села, па нели и таму треба да има фудбал“, анализира Драган Стојковиќ Пикси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
