
Фудбалската репрезентација на Србија го победи Азербејџан со 3-1 и обезбеди бараж за пласман на Светското првенство во Катар. Но, во последното коло ќе гостува во Португалија и ќе се бори за директен пласман на мундијалот.
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, изјави дека директниот пласман на СП е целта на неговиот тим.
„Никогаш не сум се занимавал со калкулации. Од доаѓањето на селекторската позиција се концентрирав на тимот, но бев убеден дека ќе играме до крај за пласман на СП. Кога ми рекоа дека сме квалификувани за баражот, реков дека не сме заинтересирани за тоа. Одиме по првото место во Португалија, убеден сум дека можеме да победиме и директно да се пласираме на Светското првенство“, изјави Драган Стојковиќ.
Србија во моментот е на првото место со 17 бода, но Португалците имаат 16 и еден одигран меч помалку. Првиот дуел меѓу овие две селекции во Белград заврши 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
