Connect with us

Пике проговори за правилата на Чави

Чави Хернандез, поранешниот играч за врска и капитен на Барселона, го презеде тимот од „Камп Ноу“ по отказот на Роналд Куман.


Чави го смени лекарскиот тим и кондицискиот тренер во првите часови на новата работа. Тој воведе и пет нови правила со порака до играчите на презентацијата: „Ако ги почитуваме правилата, се ќе биде во ред“.

Првото правило е дека на играчите им е забрането да патуваат во текот на сезоната поради приватни обврски, а ова правило најмногу важи за заменик капитенот Жерар Пике. Второто правило е дека тренинзите ќе бидат подолги и дека фудбалерите ќе мора да поминуваат повеќе време заедно во тренинг центарот, наместо таму да тренираат само час и половина. Идејата е да се продолжи работниот ден за фудбалерите, да се воведе групен појадок и да се следи како се хранат. Тоа е рецепт што Пеп Гвардиола го користеше во Барселона кога каталонците беа најсилниот тим на светот.

„Кога има правила, тогаш тренерот не мора да биде строг. Кога имавме тренер кој ни поставуваше јасни правила во соблекувалната, постигнувавме одлични резултати. Кога немаше правила, бевме во лоша ситуација“, ги коментира Пике новите правила во тимот.

Чави одлучи фудбалерите на Барселона и да тренираат на „Камп Ноу“ на денот на натпреварот. Тој ќе дебитира на клупата на Барселона в сабота на градското дерби со Еспањол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови