
Односот на Лео Меси и Жерар Пике бил видно нарушен пред заминувањето на Артгентинецот од клубот за кого играше последните 21 година. Новинарот кој неодамна го интервјуираше Меси откри дека Пике немал ништо против тоа Меси да си замине од Барса.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сакал да го знае мислењето на Пике за комплицираната ситуација со договорот на Меси бидејќи клубот имаше потешкотии да го регистрира неговиот договор. Пике тогаш изјавил дека ништо лошо нема да се случи доколку клубот се раздели со Аргентинецот, тврди “Онда Серо”.
Ова многу го повредило 34-годиншниот напаѓач и неговиот однос со Пике, оттогаш не е веќе ист. Интересно е што Лео, исто така, не го спомна Пике меѓу играчите на Барса со кои сè уште одржува контакт, вклучувајќи ги Серхио Агуеро, Жорди Алба и Серхио Бускетс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
