Connect with us

Пецов се раздели со Работнички

Искусниот играч од одбраната Христијан Пецов, кој игра на двете бековски позиции, ова лето се раздели со Работнички и има неколку понуди за менување на средината. Тој потекнува од школата на „романтичарите“, а по една ипол година помината во црвено – белиот дрес ќе менува средина. За тимот од Дебар Маало настапи на 30 натпревари и забележа неколку асистенции.


Неколку прволигаши се заинтересирани за неговите услуги. Постои опција да се врати во Македонија ЃП, но во игра се и Пелистер и Ренова, како и интернационален предизвик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови