
Ерменија успешно го стартуваше новото издание во Лигата на нации, но селекторот Олександар Петраков е свесен дека утрешниот дуел со Македонија ќе биде сосема поинаков. Тој има само пофални зборови за нашиот национален тим, иако одигравме реми (1-1) против Фарски Острови во Торшавн.
„Го гледав натпреварот на Македонија со Фарски острови. Не игравте лошо. Не очекувам лесна победа во Скопје, секако. Тиуа дојдовме да одиграме најдобро што знаеме, ние сме спортисти и ќе се бориме за нов успех. Македонија е врвна репрезентација со квалитетни фудбалери и одличен тренер. Знаеме како игра противникот и подготвени сме за утрешниот натпревар“, изјави селекторот на Ерменија, Олександр Петраков.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра утре, со почеток во 20.45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal