
Младата фудбалска репрезентација на Македонија имаше лоша вечер во Алмере и против Холандија загуби со 5-0. Беше потполно надиграна и увиде како е да се игра фудбал на едно сосема поинакво ниво. Можеби мал дел од лекцијата е научен, иако само со гледање и не се учи многу од фудбалската игра, па надежите на Драган Канатларовски денеска имаат поправен испит, и тоа против најлесниот можен ривал.
Македонија денеска ќе се соочат со младинскиот состав на Гибралтар, кого во Скопје го победија минимално, со 1-0. Во селекцијата ќе го нема напаѓачот Марио Илиевски, кој беше префрлен во А-тимот, а на повреди се жалеше и Тодоровски.
Но, без разлика на сѐ, на Македонија не и е потребен уште еден лош резултат, откако сениорите не успеаја да победат на гостувањето во Торшавн против Фарски Острови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
