Фудбалската репрезентација на Италија ја оствари и третата победа на Европското првенство. Одличната низа на селекцијата на Роберто Манчини продолжи и против Велс. Стрелец на победничкиот гол за „аѕурите“ во триумфот од 1-0 беше Матео Песина во 39.минута.
Во вториот дел Емпаду заработи црвен картон и селекцијата на Велс остана без шанси за израмнување.
Швајцарија со 3-1 ја совлада Турција и со четири бода има реални шанси и како третопласирана да оди во следната фаза. Харис Сеферовиќ и Џердан Шаќири донесоа два гола предност во првиот дел, Ирфан Кавечи намали на стартот на второто полувреме, но Шаќири со својот втор гол ги разреши дилемите во 68.минута од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













