Connect with us

Перишиќ го напушта Интер и прави трансфер во Челси

Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ ќе го напушти Интер во летниот преоден рок. Тој се сели во Премиер – лигата и во наредните две години ќе го носи дресот на Челси. Неговите агенти постигнале договор со новото раководство на Челси, а објавата на трансферот ќе се случи по завршувањето на сезоната.

Според хрватските медиуми, Иван Перишиќ во наредните две години на „Стемфорд бриџ“ ќе заработи 9 милиони евра.

Хрватот по освојувањето на трофејот во Купот на Италија јавно им најави на раководните луѓе на Интер дека не треба да се чека до последен момент за договор со важните фудбалери во тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови