Connect with us

Перез: Реал загуби 400 милиони евра, Суперлигата треба да го спаси фудбалот

Формирањето на Европската Суперлига го вознемири светот, фановите жестоко ги обвинуваат клубовите кои решија да ја напуштат Лигата на шампионите, а претседателот на Реал Мадрид, кој е поставен и за претседател на новото натпреварување, вели дека тоа треба да го спаси елитниот фудбал.


„Овде во Мадрид, изгубивме многу пари, па бараме начин да ги вратиме. Реал Мадрид загуби 400 милиони евра оваа сезона и никој не стори ништо во врска со тоа. Фудбалот минува низ тежок период, затоа решивме да формираме нова лига за да се опоравиме. Треба да направите силно натпреварување, со силни клубови, така приходите ќе бидат поголеми. Ситуацијата е многу лоша со сите големи клубови. Во овие две сезони изгубивме околу 5 милијарди евра. Фудбалот напредува, како и сите други аспекти на животот. Овој спорт започна да губи следбеници, носителите на ТВ права станаа алчни и нешто требаше да се стори, во спротивно сите ќе бидат уништени. 12 клубови што ни се придружија имаат силна навивачка група низ целиот свет, но, она што нè загрижува е фактот дека младите гледаат фудбал се помалку. Тоа мора да се промени”, изјави Флорентино Перез во интервју за „Ел Чирингито“.

Тој вели дека сите големи европски клубови спасот го бараат во формирање на Суперлигата. Во спротивно, ќе колабираат.

„Идејата за формирање на Суперлигата не е само моја идеја. Тоа е идеја на претседателите на сите клубови учесници. Сите тие се мои добри пријатели. УЕФА е против создавање на Суперлигата. Ние не го правиме ова само за пари, ова го правиме за да го спасиме фудбалот. Ние сакаме да го спасиме фудбалот во следните 20 години. Суперлигата може да го стори тоа. Ако ја освоите Лигата на шампионите, добивате 120 или 130 милиони евра. Со освојувањето на Суперлигата, победничкиот тим ќе добие многу повеќе од тоа“, објасни Флорентино Перез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови