Пепе се обиде да ја смири тензијата околу Португалија по поразот од Мароко. Дефанзивецот зборуваше за Кристијано Роналдо, кој наиде на незадоволство кај фановите поради своите постапки на Мундијалот.
„Роналдо се снајде добро. Тој е знамето на Португалија кое се протега до сите страни на светот. Тој беше повикан во репрезентацијата и даде свој придонес. Мораме да му се заблагодариме на него и на нашите соиграчи кои дадоа се од себе. Како што кажав, им благодарам на луѓето за љубовта и за поддршката, тоа го чувствуваме“, изјави Пепе при враќањето од Светското првенство во Катар.
Португалците неочекувано беа елиминирани од Мароко во четвртфиналето на Мундијалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













