
Анлискиот премиерлигаш Манчестер Сити создаде огромна предност на врвот на табелата во Премиер – лигата, а Пеп Гвардиола веќе размислува за следната сезона. Тој ги планира новите засилувања што треба да пристигнат на „Итихад“ по завршувањето на сезоната. Се чини дека има план и за наследникот на Серхио Агуеро во офанзивната линија на „граѓаните“.
Гвардиола посакува Жоао Феликс да го облече дресот на Манчестер Сити. Се поевидентно е дека се намали тензијата меѓу Лионел Меси и Барселона, најверојатно Аргентинецот ќе остане на „Камп Ноу“, па Гвардиола сака да пазари од Атлетико Мадрид. Тој смета дека португалската ѕвезда Жоао Феликс е вистинскиот наследник на Серхио Агуеро. За него, како пто откриваат медиумите на Островот, Манчестер Сити е подготвен да плати 150 милиони евра.
Жоао Феликс има договор со Атлетико Мадрид до 2026 година, а пристигна од Бенфика за сума од 126 милиони евра. И тогаш Манчестер Сити наддаваше за младиот Португалец, но Жоао Феликс изненадувачки се реши за трансфер во Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
