Манчестер Сити сериозно се вклучи во битката за потписот на играчот за врска на Милан, Исмаил Бенасер. „Граѓаните“ сакаат да реагираат побрзо и да ги нарушат плановите на градскиот ривал Манчестер Јунајтед кој исто така е заинтересиран за ангажман за одличниот играч за врска.
22 – годишниот Бенасер втора сезона е дел од Милан каде се наметна како одлично решение по трансферот од Емполи. Веќе го привлече вниманието на големите европски екипи, во трката се и ПСЖ, Барселона и Јувентус.
Бенасер има откупна клаузула од 50 милиони евра што и не е недостижен трансфер за реализација за моќните англиски гиганти и покрај финансиската криза предизвикана од коронавирусот.
Интересно е дека како млад фудбалер, Исмаил Бенасер беше дел од Арсенал, го доведе Арсен Венгер во 2015 година во вториот тим за само 500.000 евра.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski