
Академија Пандев стигна до првата победа во новата сезона совладувајќи го Работнички на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со 2-0. Струмичани славеа со два удари од белата точка кои ги реализираше Мартин Мирчевски.
Во еден возбудлив натпревар, на крајот пресудија пеналите што ги досуди новиот прволигашки судија Владимир Ѓорѓиевски.
Во 73.минута, беше досуден пенал за Академија Пандев по стартот на Позњак во шеснаесетникот, а успешен од белата точка беше Мирчевски.
Во финишот од мечот, и Максимов стартуваше во шеснаесетникот, беше досуден уште еден пенал, а повторно ефикасен беше Мартин Мирчевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
