
Македонскиот прволигаш Пелистер ја засили одбраната со искусниот дефанзивец Александар Ристевски. Тој доаѓа на стадионот „Петар Милошевски“ од редовите на Брера, каде настапуваше минатата сезона.
„Задоволство ни е да го официјализираме потпишувањето на договорот со 31-годишникот, кој минатата сезона го носеше дресот на Брера Струмица. Со доведувањето на Ристевски добиваме искуство, квалитет и лидерство во нашиот одбранбен ред.
Ристевски има богата прволигашка кариера зад своето име настапувајќи за Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Струга Трим Љум, Работнички и Брера во македонскиот шампионат, како и за екипата на Влазнија во албанското првенство.
Нашето најново засилување веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и ќе започне со тренинзи на стадионот „Петар Милошевски“, објавија од ФК Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов проблем за Арсенал, се повреди Каи Хаверц

Интернационалци
Јован Манев потпиша за Ријека

Евро-фудбал
Анчелоти: Сезоната за Реал допрва почнува
