
Пелистер со победа над Брера го затвори второто коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани во Струмица славеа со 1-2, а сите голови паднаа во второто полувреме.
Дуелот на стадионот „Благој Истатов“ започна со вниманетлна игра и тактичко надмудрување на двете страни. Иако и домаќините и гостите посакуваа прва победа, во првите 45 минути никој не се осмели да ризикува повеќе. Имаше неколку полушанси, но само една посериозна.
Возбудувањето дојде во 24. минута кога пелистерци побараа пенал по корнер, сметајќи дека Луковиќ играл со рака. Судијата Ѓорѓиев ја консултираше ВАР-собата, а по прегледувањето беше утврдено дека нема прекршок. Само неколку минути подоцна Нзенгуе ја затресе мрежата на Јовчевски, но погодокот беше поништен поради игра со рака. Најголемата шанса пред паузата ја имаше Булатовиќ, кој од изгледна позиција шутираше покрај голот.
Веднаш на стартот од второто полувреме Пелистер поведе. Голманот Вргов го собори Ристовски во шеснаесетникот, а судијата досуди пенал. Мирко Ивановски беше сигурен реализатор и донесе водство од 0-1.
Охрабрени од водството, пелистерци продолжија офанзивно и во 73. минута преку Бошковски зголемија на 0-2. Брера не се предаде – само три минути подоцна капитенот Филип Антовски со прекрасен удар од далечина намали на 1-2.
Иако домаќините се обидоа да израмнат, силите не им стигнаа за уште еден налет, па бодовите заслужено отпатуваа за Битола. Во самиот финиш, Пелистер остана со играч помалку – Белиќ заработи директен црвен картон поради остар старт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
