Connect with us

Пелистер и Ренова ремизираа (1-1) во Охрид

Пелистер и Ренова ремизираа (1-1) на стадионот „Билјанини извори“ во последниот меч од 21.коло во Првата фудбалска лига. Овој меч вчера беше одложен поради снег во Битола, а денеска се одигра во многу подобри услови во Охрид.

Бобан Здравевски во 15.минута го доведе Пелистер во водство, но израмни Албан Таипи пред крајот на првото полувреме. До крајот и двете екипи имаа шанси за триумф, но не успеаја да ги реализираат.

За Пелистер ова е само шесто реми, прв позитивен резултат оваа пролет, а Ренова претходно имаше победа и пораз и со 31 бод се наоѓа на петтата позиција.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови