
Македонскиот прволигаш Пелистер доведе квалитетно засилување за новата сезона во Првата лига. Во Битола пристигна Марјан Ристовски. Тој потпиша едногодишен договор со битолскиот клуб.

“Ростерот на ФК Пелистер за сезоната 2025/26 е посилен за уште едно квалитетно и искусно име од македонските терени. Наш нов член е Марјан Ристoвски, кој потпиша договор на една сезона со ФК Пелистер. Се работи за 28-годишен страничен фудбалер, со акумулирано искуство со настапите во нашата Прва лига.
Ристoвски е роден во Гевгелија, а во мак-фудбалот настапувал за Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс, Вардар, Брера и грчка Кавала.
Во Првата македонска лига има 124 натпревари и 20 голови. Во есенскиот дел од минатата сезона за Брера Струмица одигра 14 натпревари“, истакнаа од Пелистер.
Марјан Ристовски е третото засилување за Пелистер после Стефан Спировски и Србинот Ристиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
