Легендарниот бразилски фудбалер Пеле имал Ковид-19 и низок крвен притисок, поради што била потребна хоспитализација, информира „ЕСПН“. 82-годишниот трикратен светски шампион се бори со рак на дебелото црево и останува во стабилна состојба во болница во Сао Паоло.
„Пеле беше позитивен на Ковид-19 на 17 ноември, што доведе до респираторна инфекција и негов прием во болница. Пред тоа, легендата беше подложен на уште еден третман против ракот, бидејќи имаше метастази“, откриваат од клиниката.
Во деновите пред приемот во болница, тој имаше респираторни проблеми и загриженост за бронхопневмонија, како и проблеми со срцевиот ритам. Од болницата соопштија дека тој зема антибиотици за респираторните проблеми и дека ќе продолжи и со терапијата за рак што му била препишана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













