Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри, вчера тренираше со тимот откако кон средината на минатиот месец заработи нова повреда на мускулот. Иако тренерот на Каталонците, Чави Хернандез, неодамна изјави дека нема да ризикува со брзање на талентираниот Шпанец назад во акција, „АС“ тврди дека Педри не само што ќе патува со тимот за шпанскиот Суперкуп турнир во Саудиска Арабија, туку и ќе и заигра.
Тимот денеска патува за Ријад и за два дена ќе се соочи со Осасуна во второто полуфинале на турнирот. Се очекува Педри да не игра на овој натпревар, но ќе настапи во евентуалниот финален натпревар против Реал Мадрид или Атлетико Мадрид, под услов се да биде според планот и Каталонците да се квалификуваат во финалето.
Пред неговата последна повреда, Педри беше надвор од терените меѓу август и ноември поради уште една повреда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













