
Фудбалерот на Барселона и шпански репрезeнтативец Педри е најдобриот додавач во противничкото поле во последните шест месеци. Меѓународниот центар за спортски истражувања објави листа на играчите кои биле најефективни според овој показател во своите клубови, при што 22-годишниот играч на Барселона добил максимален резултат од 100 поени.
Првите три позиции ги комплетираат португалскиот играч за врска на ПСЖ, Витиња, и Џошуа Кимих од Баерн Минхен.
Најмногу играчи меѓу првите 15 има од ПСЖ, дури петмина, Баерн Минхен има тројца претставници, а Барселона двајца.
Во Топ 15 се наоѓаат следните играчи:
Педри (Барселона) – 100
Витиња (ПСЖ) – 96,8
Џошуа Кимих (Баерн Минхен) – 95,8
Френки де Јонг (Барселона) – 95,2
Ашраф Хакими (ПСЖ) – 94,8
Федерико Валверде (Реал Мадрид) – 94,2
Фабиан Руиз (ПСЖ) – 94
Конрад Лајмер (Баерн Минхен) – 93,3
Лука Модриќ (Милан) – 91,8
Александар Павловиќ (Баерн Минхен) – 91,5
Нуно Мендеш (ПСЖ) – 91,3
Николо Барела (Интер Милано) – 91,1
Жоао Невеш (ПСЖ) – 90,9
Енцо Баренечеа (Бенфика) – 90,6
Јошко Гвардиол (Манчестер сити) – 90,3

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal