Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед подготвува комплетна реконструкција на составот за следната сезона. Кормилото ќе го преземе Ерик тен Хаг, а тој ќе добие повеќе од 200 милиони фунти за ангажман на нови засилувања.
Приоритет на холандскиот стратег ќе биде ангажман на нов дефанзивец. Прв пик е одбранбениот фудбалер на Вилјареал, Пау Торес.
Шпанецот минатото лето се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и во Челси, но сепак остана во редовите на Вилјареал. Сега во трката за неговиот потпис се вклучува Манчестер Јунајтед, кој покажува најсилен интерес и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
„Црвените ѓаволи“ веруваат дека тој би бил идеален партнер на Рафаел Варан во срцето на одбраната. Вилјареал за него бара отштета од 50 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













