
По пауза од 16 години, Патрик Виера се врати во Премиер – лигата како нов тренер на Кристал Палас, градскиот ривал на Арсенал со кој Французинот како фудбалер освои седум трофеи во периодот од 1996 до 2005 година.
Виера (45) потпиша тригодишен договор со Кристал Палас и на менаџерското место ќе го наследи 73-годишниот Рој Хоџсон, кој четири години го водеше премиерлигашот од јужен Лондон.
Од јуни 2018 година до декември лани Виера седеше на клупата на францускиот прволигаш Ница.
Виера пред да ја почне тренерската кариера освои три шампионски титули и четири трофеи во англискиот ФА куп со Арсенал, додека со француската репрезентација беше светски првак во 1998, а ја освои и европската титула две години подоцна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан

Евро-фудбал
Падна договор, Мбеумо доаѓа на „Олд Трафорд“
