Поранешниот француски репрезентативец Патрик Виера веќе не е тренер на италијанскиот прволигаш Џенова, соопшти клубот. Џенова, која моментно е на последното место во Серија А, кратко објави:
„Џенова соопштува дека Патрик Виера повеќе не ја води првата екипа. 49-годишниот Виера седна на клупата на клубот во март.“
Од почетокот на новата сезона, Џенова освои само три бода во три нерешени натпревари и забележа шест порази, што претставува најлош старт на сезоната за клубот. За среќа, по девет кола во Серија А, постојат четири клуба кои сè уште немаат победа, па ситуацијата сè уште може да се исправи.
Виера ја презеде Џенова во ноември 2024 година по отказот на Алберто Џилардино. Кога ја презеде, клубот беше на 17. место на табелата, а на крајот на сезоната ги доведе до 13. место. Иако се шпекулираше дека Рома и Интер се заинтересирани за него, летово потпиша нов договор до летото 2027 година.
Виера е легендарен француски фудбалер со 107 настапи за репрезентацијата на Франција, со која ја освои титулата светски првак. Во сениорските тренерски води влезе во 2016 година, претходно водел помлади категории на Манчестер Сити, а потоа тренерувал и во Њујорк Сити, Ница, Стразбур и Кристал Палас пред да дојде во италијанскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













