Италијанскиот второлигаш Парма сака да го продолжи договорот со Горан Пандев уште една сезона. Раководството на клубот ќе се обиде да го премисли македонскиот ас да не става крај на кариерата и да одигра уште една година во Серија Б.
Пандев дојде во Парма да ги одигра последните шест месеци од договорот со Џенова како позајмен играч, но иако е ветеран покажа дека се уште може одлично да се носи со помладите и да придонесе за тимот.
Италијанските медиуми најавуваат дека ова отвора сериозна дилема и кај Горан Пандев, дали да стави конечен крај на кариерата или сепак, да одигра уште една сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













