
Интер, актуелниот шампион на Италија, не успеа да ги освои сите три бода на гостувањето кај Парма, и покрај тоа што имаше предност од два гола. Мечот заврши без победник, 2-2, а тимот на Симоне Инзаги на крајот можеше и да загуби, бидејќи Парма ја погоди гредата во самиот финиш.
„Нероаѕурите“ одлично го отворија натпреварот – Матео Дармијан погоди во 15. минута, а во самиот финиш на првото полувреме, Маркус Турам ја зголеми предноста на 0-2.
Сепак, по одморот, играчите на Интер делуваа како да веќе го завршиле натпреварот. Парма го искористи тоа – Адријан Бернабе намали на 1-2 во 60. минута, а само девет минути подоцна Јаков Ондрејка донесе израмнување.
Интер не успеа да се консолидира и да одговори со нов погодок, а до крајот Парма беше поблиску до целосен пресврт. Еден удар заврши во гредата од голот на Јан Зомер, па домаќините беа на чекор до сензационална победа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
