
Италијанскиот калчолигаш Парма е во серија од четири порази во Серија А, се наоѓа во опасната зона на табелата и го посакува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на позајмица до крајот на сезоната. Тој треба да биде спасител на сезоната и заедно со уште неколку засилувања да направи позитивен пресврт во тимот.
Елмас не е стандарден првотимец во редовите на Наполи, најчесто добива шанса од клупата за резерви во текот на натпреварот, а новиот тренер – повратникот Роберто Д’Аверса, сака да го реновира составот пред вториот дел од сезоната. Целта е јасна, Парма сака да обезбеди опстанок во елитата.
Наполи многу веројатно нема да дозволи Елмас да замине, тренерот Џенаро Гатузо во него гледа светла иднина на клубот и засега нема намера да го пушти во друга средина. Борусија Дортмунд, Бенфика и Лидс Јунајтед се клубовите кои покажуваат интерес за Елиф Елмас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal