Connect with us

Париз се „смрзна“ за повредата на Мбапе: За среќа, нема скршеница на глуждот (ВИДЕО)

Килијан Мбапе заработи повреда на скочниот зглоб на натпреварот од Купот на Франција против Брест, кој ПСЖ синоќа го доби со 3-1 на „Паркот на принцовите“. Жестокиот удар од зад грб во 69. минута на гостинскиот дефанзивец Лилиан Брасие го повреди левиот зглоб на францускиот репрезентативец, кој падна на земја.


Неколку минути Мбапе се грчеше од болки и сите на стадионот беа вкочанети. Напаѓачот, кој го постигна првиот гол на натпреварот, сепак стана и ја продолжи играта.

Брасие доби директен црвен картон, а Мбапе го очекува пауза. За среќа, нема скршеница или посериозно истегнување на лигаментите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови