
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, би сакал да се стави крај на фантастичната кариера по завршувањето на оваа сезона, пред преполни трибини на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова, каде ги мина последните пет сезони. Единствената идеја која се уште го премислува Горан Пандев е одложувањето на Европското првенство и огромната желба со Македонија да обезбеди учество на големото натпреварување. УЕФА поради пандемијата на коронавирусот неколку пати го одложи и терминот за плејофот во Лигата на нации и дуелот меѓу Македонија и Косово.
„Во моментов се уште планирам крај на кариерата после оваа сезона. Замислувам збогување со фудбалот пред многу луѓе на стадион, сакам да им се заблагодарам на сите во Џенова за петте прекрасни години тука. Дадов се од себе за овој дрес, сакам да кажам „збогум“ пред преполни трибини на „Луиџи Ферарис“, вели Горан Пандев за gianlucadimarzio.com.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
