Connect with us

Пандев ни е „ламборџини“, ама од вечерва и „сто-кец“ со историско значење

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, капитенот Горан Пандев по јубилејот против Летонија, вечерва ќе влезе во историјата и како играч со најмногу одиграни натпревари во националниот дрес. Тој против Словенците на „Стожице“ ќе го одигра 101. натпревар за македонската фудбалска селекција. Со тоа ќе го надмине Гоце Седлоски, кој прв стигна до 100 настапи. 

Пандев е и најдобар стрелец во историјата на фудбалската репрезентација, со 33 гола. Тој ни е како „ламборџини“ во националниот тим, но вечерва ќе биде „сто-кец“…и тоа со историско значење.      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови