
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, истакна свој став на Инстаграм за актуелностите во македонскиот фудбал, потенцирајќи го снежниот терен на комплексот на Академија Пандев во Струмица и дуелот против Работнички кој беше одигран, а неговиот клуб загуби со 0-1. Наспроти тоа, сите други натпревари од првото пролетно коло, денеска беа одложени за следниот викенд.
„Срамно и жално…уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви…Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес…Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период…Подготвен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат за во Фудбалската федерација, да се тргнам на страна“, напиша Горан Пандев на Инстаграм.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
