Македонскиот селектор Игор Ангеловски е сигурен дека неговите избраници ќе одиграат уште еден натпревар согласно посакувањата, како и секогаш, на нова победа во Лигата на нации и на гостувањето против Грузија во Тбилиси.
Македонија на стартот од Лигата Ц во Лигата на нациите не блескаше но славеше против Ерменија во Скопје со 2-1. Сега, со нови желби за продолжување на победничката серија без разлика на тоа што се игра под специфични услови во пандемиски период по долга пауза која неизбежно остава трага на сите фудбалери.
„Се работи за две селекции кои сигурно посакуваат победи. Ние максимално ја почитуваме Грузија, но секако не отстапуваме од нашите цели да одиме на победа на секој натпревар. Така ќе биде и утре затоа што верувам во овие момци, верувам во нашите амбиции. Можеби според некои не одигравме на посакуваното ниво со Ерменија, но најважна е победата“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата во Тбилиси, дополнувајќи дека посакува со Грузија да се сретнеме оваа есен во еден поважен натпревар за пласман на ЕП.
„Се надевем, ете, дека ќе се случи тој натпревар од финалето во Лигата на нации кој ќе одлучува околу патникот за ЕП. Посакувам ние во полуфиналето да победиме со Косово, а ете Грузија нека победи со Белорусија, па да се сретнеме во финалето. А тука да победиме“.
Слично е размислувањето и на капитенот Горан Пандев кој се очекува утре, за разлика од мечот со Ерменија, да стартува од првата минута…
Зад нас е натпреварот во Скопје против Ерменија на кој мора искрено да признаеме дека беше тешко да се игра и поради лошиот терен и поради временските услови, но сето тоа е зад нас. Сега сме тука…, свесни сме дека ќе имаме интересен натпревар но ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до победата. Тоа е наша цел. Свесни сме и дека доаѓаме од еден подготвителен период, за поголемиот дел од нас во клубовите не се почнати новите подготовки, не сме можеби 100% подготвени но тука сме секогаш да го дадеме максимумот за националниот дрес. Така ќе биде и утре против Грузијците“ – истакна Пандев на средбата со медиумите.
Сите фудбалери кои допатуваа во Тбилиси ќе бидат на располагање на селекторот. Единствено на стомачни тегоби се пожали Стефан Ристовски кој се очекува, сепак, да биде подготвен за мечот. Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра утре со почеток од 18 часот на националната арена „Динамо“ во Тбилиси.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski