Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, би можел да биде нов тренер на италијанскиот калчолигаш Џенова. Ова го тврди Алфредо Педула, новинарот на „Газета дело спорт“, кој посочува дека преку Горан Пандев воспоставен е контакт меѓу претседателот Енрико Пресиози и Игор Ангеловски и преговори за можна соработка.
Давиде Балардини му обезбеди опстанок на тимот на Џенова, но се уште не е јасно дали би останал на кормилото и следната сезона, а токму Игор Ангеловски е еден од главните кандидати да биде негов наследник. Уште не е познато што тоа би значело и за Горан Пандев, кој самиот треба да ја донесе одлуката дали ќе продолжи да игра и следната сезона. Тој најави дека ќе се пензионира после Европското првенство, но можно е и да се премисли. Доколку и ја заврши кариерата, има понуда да остане во раководството на Џенова.
„Во моментов сум фокусиран само на настапот на Македонија на Европското првенство“, изјавил Игор Ангеловски за италијанскиот новинар.
Договорот на селекторот Игор Ангеловски со Фудбалската федерација на Македонија има важност до крајот на јули.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski