Пишува: Никола Ѓуровски
ГОРАН ПАНДЕВ е ХЕРОЈОТ НА МАКЕДОНИЈА за 2020 година во изборот на МАКФУДБАЛ. Најдобриот на сите времиња, идолот на младите генерации, ѕвездата која две децении блеска на европската сцена, го оствари својот сон, но и сонот на сите Македонци, ја одведе фудбалската репрезентација на едно големо натпреварување – Европското првенство.
Во новогодишното интервју кое ќе биде објавено на 31 декември, Горан Пандев вели дека хемијата во националниот тим, семејната атмосфера која е создадена во изминатиот период, е клучот за големиот успех на Македонија. И таа хемија, потенцира Пандев, не смее сега да биде нарушена.
„Никој од нас нема дилеми, тоа сакам веднаш на почетокот да го кажам, Игор Ангеловски треба да ја води Македонија на Европското првенство. Изминатите пет години во националнио тим се создаде една неверојатна хемија, семејна сплотеност и тоа беше можеби и клучно за остварувањето на големиот успех. Би било сега во најмала рака чудно, ако сакате и многу глупаво, таа хемија да се наруши во пресрет на Европското првенство. Игор Ангеловски е најзаслужниот за моето враќање во националниот тим. Дојде искрено во Џенова и ми рече дека додека е тој селектор ќе играат само најдобрите – и затоа се вратив. И да, играат најдобрите, и тоа придонесе да оствариме неверојатен успех, да го исполниме сонот, Македонија да биде дел од Европското првенство“, вели херојот на 2020 година во изборот на МАКФУДБАЛ, Горан Пандев.
Капитенот е сигурен дека Македонија ќе направи пријатно изненадување и на Европското првенство, во групата со Австрија, Украина и со Холандија.
„Македонија ќе биде пријатно изненадување и на Европското првенство. Мислам дека сега и на ривалите не им е сеедно што ја имаат Македонија за противник. На хартија секако сме аутсајдери, но на теренот ќе се бориме како лавови за да ја поминеме групата, да постигнеме историски гол на ЕП, да оствариме историска победа на ЕП. Го остваривме сонот за пласман на Европско првенство, но сите амбициозни луѓе имаат нови и нови соништа, така е и со оваа генерација, за која и претходно тврдев дека е најдобрата во историјата на фудбалската репрезентација на Македонија“, потенцира „Ил Гранде Мачедоне“.
Комплетното новогодишно интервју со ХЕРОЈОТ НА ГОДИНАТА ќе биде објавено на 31. декември
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski