
Дарко Панчев го постигна решавачкиот гол од пенал. Илија Најдоски беше столб во одбраната на финалето во Бари. Пред точно 30 години, Македонците Дарко Панчев и Илија Најдоски се искачија на кровот на Европа со Црвена Звезда откако во големото финале го победија Олимпик Марсеј на пенали со 5-3. Во регуларниот тек од мечот и во продолженијата немаше голови.
Дарко Панчев, „македонската кобра“, по 30 години се навраќа на пеналот.
„Бидејќи бев голгетер, имав мото да постигнам гол, без разлика дали е убав или не, не е важно. Секој гол од белата точка е добар за мене. Што значи тоа кога велат „шутнав добар пенал, но голманот одбрани. Не разбирам … Тоа се приказни за мали деца. Пенал може да му го олесни голманот со неговото движење, има такви кои се фрлаат и тргнуваат порано, а ти, ако си малку паметен, почекај. Тогаш работата ти е полесна“, вели Дарко Панчев.
Македонскиот ас успеа да го надмудри Олмета, голманот на Олимпик Марсеј.
„Убаво го сочекав Олмета до последниот момент, кога тој се скрши, тогаш му го сменив правецот на стапалото. Можеби се чинеше дека е релативно блиску да одбрани, но штом голманот се фрли на едната страна или се придвижи, тој не може да се врати назад. Тоа е закон на физиката. На крајот, најважно е што тоа беше гол. Дека бев нервозен поради важноста – се разбира, јас сум жива личност, имам чувства и мисли. Не доаѓа секој до таков успех“, објаснува Дарко Панчев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal