Поранешниот голгетер на Црвена Звезда, македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, многу емотивно го прифати несреќниот пораз на српскиот клуб против Милан на „Сан Сиро“ со 1-2 во шестото коло од Лигата на шампионите, на чиј исход значително влијаеше спорна судиска одлука.
Кога изгледаше дека избраниците на Владан Милојевиќ цврсто го држат бодот во свои раце, домашниот тим стигна до победа во 87. минута со гол на Тами Ејбрахам, кој претходно направи очигледен фаул врз Урош Спајиќ.
Овој развој на настаните го налути Панчев, кој во триумфот на Милан виде нешто многу повеќе од обична фудбалска игра.
„Ако тоа се случеше во шеснаесетникот на италијанскиот претставник, сигурно ќе се досудеше прекршок, немаше ни да се оди во ВАР собата. Толку за чесноста. Значи, лицемерието што Западот го покажува кон клубовите од Истокот доби нова потврда и нова димензија. Играч на Милан го турна фудбалерот на Звезда… Играв фудбал, знам што е ремплање, а што фаул. Брука, срамота“, изјави видливо емотивниот Панчев за „Спорт клуб“.
Поранешниот југословенски фудбалер е свесен дека клубот во кој остави најголема трага заслужи многу повеќе во градот на модата, нескромно сугерирајќи дека можеше да оствари дури и победа.
„Па, дури и три бода. Можеби, ако не навлегувам во сите детали од 90 и кусур минути, еден збор напишан со големи букви и повторен трипати би бил доволен да објасни многу нешта: штета, штета, штета“, додаде Панчев.
И покрај тоа што пред најтрофејниот српски клуб стои речиси невозможна задача да обезбеди пласман во следната рунда во последните две кола, Панчев верува дека пред Црвена Звезда е блескава иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal