Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев беше гостин на „Звезда ТВ“ и го претстави ретро дресот во чест на европската шампионска круна од 1991 година.
Панчев уште еднаш напомена дека за него најважните клубови во кариерата се Вардар и Црвена Звезда, а со оглед на периодот додека ја градеше кариерата, во екс-Југославија, тој вели дека има две „мајки“, Македонија и Србија.
„Немам дилеми, секогаш сум зборувал дека Вардар и Црвена Звезда се најважните клубови за мене. Јас имам две мајки, првата е Македонија, втората Србија и тоа е нешто кое никој не може да го промени. Сѐ останато и играњето на други места било печалбарски, она што го имам во срцето за Вардар и Звезда е она вистинското. Моите чувства и спомени се поврзани за овие клубови“, изјави Панчев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













