Уругвај е на чекор до четвртфинале на Копа Америка по убедливиот триумф од 5-0 против селекцијата на Боливија. Со оваа победа, тимот на Марсело Биелса се најде на врвот во групата Ц.
Факундо Палистри го отвори резултатот во 8. минута, а Дарвин Нуњез зголеми на 2-0.
Максимилијано Араухо во 77.минута погоди за 3-0, а до крајот стрелаа Валверде и Бентанкур.
Панама направи големо изненадување со победата од 2-1 против САД.
Американците речиси 70 минути играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Тимоти Веа.
Балогун донесе водство за САД во 22 минута, но Панама се врати во игра брзо со голот на Цезар Блекман. Хозе Фајардо во 83.минута постигна победнички гол за Панама.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













