Connect with us

Падна одлука во Торино: Алегри комплетно ќе го реновира Јувентус

Јувентус се предаде во трката за „скудетото“ на крајот на октомври, а тоа не се случи долго време. Навивачите се сеќаваат на двете разочарувачки сезони кои претходеа на серијата од девет титули, две седми места, со Дел Нери, па со Ферара. Таа година беше сменет легендарниот стопер, а на негово место дојде Закерони.


Но и Дел Нери и Ферара имаа подобар старт од оваа сезона, Јувентус веќе загуби четири меча. За споредба, лани шампионот Интер беше поразен само трипати во текот на целата шампионска сезона. Јасно е дека титулата е недостижна, призна и Алегри, но клубот мора да се реконструира доколку сака да се бори за Лигата на шампионите.

Она што е исто така јасно е дека Масимилијано Алегри нема да го плати цехот, дојде за да остане подолг период, доби договор за четири сезони, вреден 9 милиони годишно.

Тренерот и раководството ќе мора да направат голема реконструкција на тимот. Јувентус нема креативност во средниот ред и нема напаѓач кој редовно ќе постигнува голови, Мората сезонава само двапати ја погоди противничката мрежа. Кин е повреден, иако и тој не е најдобро решение. Следна голема цел е Душан Влаховиќ, голгетерот на Фиорентина, како и најмалку две засилувања во средниот ред на тимот.

Прашање е дали би останал и Матијс де Лихт во одбраната, а Киелини и Бонучи секако се во поодминати години. Пред Алегри е навистина сериозна работа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови