
Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Бразил, Бруно Гимараеш и дефанзивецот Алекс Телјес се повредени на првиот тренинг на петкратниот светски шампион во Торино пред почетокот на Светското првенство. Гимараеш го напушти тренингот откако напаѓачот Родриго го стапна на десната нога.
Телјес се повредил по старт Нејмар и исто така побарал медицинска помош. Селекторот на Бразил, Тите, по ова го прекинал тренингот поради грубите прекршоци.
Репрезентацијата на Бразил е на петдневен камп во базата на Јувентус пред да замине за Катар в сабота. Во вториот дел од сесијата вчера учествуваше и дефанзивецот Маркињос, кој го пропушти тренингот во вторникот поради мала повреда.
Репрезентацијата на Бразил реши да не игра пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство. „Селесао“ го започнува Мундијалот со мечот против селекцијата на Србија на 24 ноември, а во групата ќе се сретне и со Швајцарија и со Камерун.
.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Само бод за Атлетико од гостувањето кај Мајорка
