Арсенал постигнал договор со Реал Сосиедад за купување на играчот од средниот ред, Микел Мерино. Лондонскиот тим се согласи да плати 33,5 милиони евра, плус дополнителни пет милиони во форма на бонуси, за да го обезбеди потписот на шпанскиот фудбалер, пренесуваат медиумите на Островот.
Мерино ќе потпише четиригодишен договор со опција за уште една година, откако ќе ги помине медицинските прегледи.
Шпанскиот репрезентативец е долго време цел за Арсенал, а тој не беше вклучен во составот на баскискиот тим за првиот натпревар од сезоната против Рајо Ваљекано.
Со ова, Мерино ќе стане трето летно засилување за „топчиите“, кои веќе се засилија со Рикардо Калафиори од Болоња и го откупија правото на Давид Раја од Брентфорд.
Мерино има искуство во Премиер лигата, каде што кратко време играше за Њукасл, а исто така го носеше дресот и на Борусија Дортмунд. Ова лето, тој триумфираше на Европското првенство со репрезентацијата на Шпанија.
Следниот натпревар за Арсенал е гостување кај Астон Вила.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski