Премиер – лигата објави 33 нови случаи нa инфицирани со Ковид-19 минатата недела, продолжувајќи го трендот на намалување на позитивните тестови веќе трета седмица по ред.
Лигата регистрираше 94, односно 72 случаи во претходните две недели, додека имаше рекордни 103 позитивни тестови меѓу 20 декември и 26 декември минатата година.
Вкупно 21 натпревар се одложени од минатиот месец поради појава на Ковид-19 во различни клубови.
„Премиер – лигата може да потврди дека 13.625 тестови за коронавирус биле направени на играчи и клупски персонал во периодот од 10 до 16 јануари. Од нив, 33 имаат нови позитивни тестови“, се вели во соопштението.
Натпреварите Арсенал – Тотенхем и Барнли – Лестер беа одложени за изминатиот викенд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













