
Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс, ги негираше информациите дека Душан Тадиќ ќе го напушти клубот, потенцирајќи дека нема шанси раководството да се согласи за продажба на српскиот фудбалер.
Претходните денови имаше информација дека Тадиќ може да го напушти Амстердам. Се споменуваше можноста за продолжување на неговата кариера во Милан, а италијанските медиуми веќе напишаа дека тој се договорил за личните услови со „росонерите“.
„Душан Тадиќ не е на продажба. Нема шанси клубот да го пушти да си замине. Тој ќе остане во Ајакс. Душан е исклучително важен играч за нас“, истакна Овермарс.
Минатата сезона, Тадиќ одигра 51 натпревар за Ајакс, постигнувајќи 22 гола и 26 асистенции. Неговиот договор со холандскиот тим важи до 30 јуни 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан

Евро-фудбал
Падна договор, Мбеумо доаѓа на „Олд Трафорд“
