
Бразилскиот интернационалец Винисиус Жуниор добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија, објавуваат шпанските медиуми. Не се наведува за кој клуб станува збор, но тој би имал досега невидена плата во светот на фудбалот.
Кристијано Роналдо (39) во саудискиот Ал-Наср има плата од 263 милиони евра годишно и со тоа е најплатениот фудбалер во светот. Според „Footmercato“, Винисиус би добил петгодишен договор вреден една милијарда евра по сезона.
Саудиска Арабија е решена да не штеди на големите фудбалски имиња, а Бразилецот во новиот клуб би имал и влијание врз спортската политика, слично како Килијан Мбапе во ПСЖ во свое време. Винисиус би станал и заштитно лице за Светското првенство кое би требало да се одржи во 2034 година во Саудиска Арабија.
Тој е дел од Реал Мадрид од 2018 година. Досега одигра вкупно 279 натпревари и постигнал 91 гол. Освоил две титули во Лигата на шампионите и три првенства на Шпанија. Минатата недела заврши второпласиран во изборот за „Златната топка“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
