Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели би можел да се врати во Премиер – лигата оваа зима. 31-годишниот поранешен репрезентативец на „аѕурите“ е цел на англискиот Њукасл.
„Супер Марио“ моментно е член на турскиот Адана Демирспор, а неговиот договор е до летото 2024 година.
Балотели има големо искуство на Островот. Има играно за клубови како Ливерпул и Манчестер Сити. Њукасл неодамна ја промени сопственоста и има големи финансиски средства, но резултатите на теренот не се добри, бидејќи „чавките“ се претпоследни на табелата со 12 бода. Ова го принудува раководството да бара нови засилувања во овој зимски преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













